​
Brand
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Буџетот за 2019 година на СДСМ е поголем за цели 700 милиони евра од последниот Буџет кој го креираше ВМРО-ДПМНЕ во 2016 година

Изјави 18 ноември 2018 15:05

Буџетот кој криминогената власт го предлага за 2019 година е мегаломански, расипнички и дополнително ќе ги осиромаши граѓаните на Република Македонија. Ова што го прават Заев и Тевдовски е загрижувачко. За својот картел на власт си го испланирале најголемиот во историјата на Република Македонија. 3,7 милијарди евра изнесува мегаломанскиот Буџет на Тевдовски и Заев за …

Буџетот кој криминогената власт го предлага за 2019 година е мегаломански, расипнички и дополнително ќе ги осиромаши граѓаните на Република Македонија.

Ова што го прават Заев и Тевдовски е загрижувачко. За својот картел на власт си го испланирале најголемиот во историјата на Република Македонија.

3,7 милијарди евра изнесува мегаломанскиот Буџет на Тевдовски и Заев за 2019 година или за над 300 милиони евра поголем и од Буџетот за 2018 година кој исто така го правеа Тевдовски, Заев и целата неспособна власт на СДСМ.

Буџетот за 2019 година на СДСМ е поголем за цели 700 милиони евра од последниот Буџет кој го креираше ВМРО-ДПМНЕ во 2016 година.

Ова сега е чист грабеж. Ќе собираат повеќе пари од граѓаните и фирмите преку даноци и казни, а ќе ги трошат за сопствено луксузирање, наместени тендери и криминални субвенции и иновации.

Ова само го покажува лицемерието и неспособноста на оваа Влада на СДСМ во однос на граѓаните и нашата држава. Оние што обвинуваа пред да дојдат на власт дека Буџетите проектирани од ВМРО-ДПМНЕ се огромни и ја тонат државата, сега го имаат најголемиот Буџет во историјата на Македонија, кој пак е далеку од примерите кои што ги даваше Тевдовски за Буџетите во Данска и Финска како таму се проектирале. Очигледно Тевдовски ни направил според големината на сумата, дански Буџет за македонски услови и урнисана економија.

„Секој денар од буџетот на увид на граѓаните“. и „Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци“ беа фразите што Заев како навиен не ги вадеше од уста пред изборите и ги лажеше граѓаните, а сега сме сведоци на најголемиот Буџет до сега, со најголемите ставки за непродуктивни трошоци, нормално, без ниту еден денар на увид кај граѓаните како се трошел минатата година Буџетот и како ќе се троши идната.

Интересно е што Зоран Заев нема решение за загадувањето и ќе проба да го најде идната година со само 2.5 милиони евра одвоени во новиот Буџет, но затоа пак за НВО организации и претпријатија одвоил 100 милиони евра, или 60 милиони евра повеќе од Буџетот за 2018 година.

Да потсетиме дека согласно Буџетот за НВО организации оваа година беа набавени лубриканти во висина од 1.5 милиони евра.

Ветувајќи дека Заев и Тевдовски ќе ги кратат непродуктивните трошоци, во Буџетот за 2019 година одвоиле средства во висина од 3.7 милиони евра за набавка на возила, односно 2.7 милиони евра повеќе во однос на овогодинешниот Буџет.

Најверојатно СДСМ ќе купуваат камион за комунална хигиена што им го украдоа деновиве или пак ќе купуваат возила за гумите што ги набави Шеќеринска да може да ги наместат и да ги искористат.

Освен непродуктивните трошоци, нејасни каде ќе се трошат и за што, Тевдовски и Заев во Буџетот за 2019 година предвидуваат задолжувања дома и во странство од 800 милиони евра.

Замислете, до сега откако се на власт не задолжија над 1 милијарда, идната година планираат уште 800 милиони евра плус да не задолжат, кои најверојатно ќе бидат исто така над 1 милијарда, а ниту еден единствен проект немаат реализирано, додека пак проекциите за БДП се жалосни од сите релевантни институции и фактори.

Ниту едно ветување од пред изборите на СДСМ не им е реализирано. Нема 500 евра плата, нема 100.000 денари плата за докторите, нема повисоки пензии и стипендии. Нема студентски домови, нема болници, нема клиники, нема 1.000 километри автопат, едноставно, не реализираа ништо. Впрочем нема ни да реализираат ништо ниту идната година.

Затоа ги повикуваме Заев и Тевдовски и целото криминогено раководство на СДСМ да се вразумат и да ги редуцираат проекциите и трошоците, бидејќи овој Буџет ниту може да го издржи нашата економија, ниту пак СДСМ има план и знаење како да ја крене економијата со овој мегаломантски Буџет. Повеќе од јасно е дека парите ќе завршат во нечии џебови кај фирмите на Заев, Анѓушев и блиските до СДСМ.

СДСМ не се способни да ја водат државата и се повеќе ја тонат. Затоа што побрзо си заминат од власт, толку подобро за граѓаните, а Република Македонија ќе тргне напред!

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Новогодишна честитка од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски

31.12.2021

Државата добива нова влада со стари, истрошени транзициски и искорумпирани кадри, влада за спас на криминалот

20.08.2020

Д-р. Јовчески: Глумењето нормализација води кон зголемување на заразата

12.06.2020

Мицкоски: Подавам рака да помогнам на Владата, еве како до 1 милијарда и 200 милиони евра без кратење на плати и веднаш да се помогне на бизнисот

28.03.2020

Најнови видеа

18:37

Мицкоски: Во Кисела Вода се случува вистинска промена, имаме  километри на нов асфалт, канализација, водовод

Изјави 14.05.2022
5:33

Ѓорѓиевски: Сето она што 30 години ги мачеше нашите сограѓани, го решаваме за помалку од 6 месеци

Изјави 14.05.2022
3:05

Арсовски: Луѓе блиски до врвот на СДСМ и ДУИ го оштетиле буџетот на државата преку фиктивни фактури за поврат на ДДВ до 30 милиони евра, МВР и ЈО да не молчат и да ги обелоденат

Изјави 13.05.2022
1:57

Николоски: Местото на Македонија е во ЕУ, а не во втора лига, Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја однесе државата во ЕУ

Изјави 13.05.2022
12:21

Мицкоски од Радовиш: Не се сите исти, додека власта е обременета со криминал и крадење, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ градат и го реализираат ветеното

Изјави 12.05.2022
1:41

Ристов: Салата за венчавање е проект кој радовишани го чекаа со години, ние го реализиравме, продолжуваме да работиме со несмалено темпо

Изјави 12.05.2022
2:18

Стојаноски: Пратениците на СДСМ не ја заработуваат ниту платата, со три пати помалку активности од ВМРО-ДПМНЕ тие се само гласачка машина на Заев, Ахмети и Ковачевски

Изјави 12.05.2022
2:13

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?

Изјави 11.05.2022
2:50

Петкоска: Власта не го закочи само Собранието, туку ги закочи и Охрид и Струга и целокупниот туристички и економски развој на државата

Изјави 11.05.2022
1:55

Стоилковски: Дали Заев и луѓе од актуелното СДСМ имаат имот во Дубаи? Зошто финансиските институции молчат?

Изјави 10.05.2022
5:37

Димитриеска Кочоска: Промени и во Свети Николе се случуваат, се гради противпожарна станица, а се и асфалтира голем потег од Бел Камен до Рудина

Изјави 09.05.2022
2:53

Владев: Во Свети Николе паралелно се асфалтираат улици, се гради градинка, игралишта, водоводи, а ќе добиеме и модерна противпожарна станица

Изјави 09.05.2022
© Copyright 2022 Македонија24.мк | Сите права се задржани.