Бугарската компанија Министрој ќе менаџира со рудниците за олови и цинк „Тораница“ и „Злетово“. На јавна електронска лицитација Владата одлучи дека оваа компанија е најсериозниот концесионер, со најдобра понуда и за околу 10 дена се очекува да биде потпишан и договор. Сопственикот на Минстрој Николај Валканов, истакна дека тие како компанија веќе имаат искуство со рестартирање на рудници кои сега работат доста профитабилно. Тој посочи дека се запознаени со сите обврски што ќе ги имаат со потпишувањето на договорот, како неисплатените плати на рударите од претходниот концесионер, долгови кон државата како и инвестирање во самите рудници. Валканов посочи дека е запознаен со состојбата и на двата рудника и според планот ќе инвестираат над 10 милиони евра.