Од септември идната година ќе се ангажираат врвни тренери од странство во спортските академии каде се градат младите и идни врвни спортисти.Ова е една од 4-те мерки кои вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски ги презентираше, а се во областа на спортот.Планот е, да се донесат докажани успешни тренери од странство во спортските академии, да помогнат во градењето на новите фудбалери, кошаркари, ракометари, тенисери.За следната година веќе се обезбедени пари , за ангажман на првиот тренер со поголеми меѓународни успеси кој на постојана основа ќе биде ангажиран со договор и ќе работи во фудбалската академија во Скопје.Од 2018-та ќе се продолжи со ангажман на други вакви тренери и во други спортови и во спортските академиите различни градови.Бошковски вели дека има заинтересираност за тренирање фудбал, но дека денеска младите поради технологиите имаат многу опции за пополнување на слободното време, но додава дека само спортот носи здравје и здрава и напредна младина.Овие мерки се во таа насока, да им се овозможи на генерациите да имаат што подобри услови и инфраструктура и учители за да можат во некој иден период да го подигнат нивото на македонскиот фудбал.