

Билансот на загинатите во силниот земјотрес, кој го погоди Тајван во саботата, достигна 36 лица. Над сто лица се уште се водат како исчезнати по урвивањето на 17-катен станбен блок. Спасувачите продолжуваат да трагаат по преживеани лица, при што нивните напори се насочени кон остатоците од урнатата зграда. Една жена беше извлечена жива од под …
Билансот на загинатите во силниот земјотрес, кој го погоди Тајван во саботата, достигна 36 лица. Над сто лица се уште се водат како исчезнати по урвивањето на 17-катен станбен блок. Спасувачите продолжуваат да трагаат по преживеани лица, при што нивните напори се насочени кон остатоците од урнатата зграда. Една жена беше извлечена жива од под урнатините на повеќекатницата повеќе од два дена по силниот земјотрес. Малку подоцна беше спасен и еден маж. Земјотресот со интензитет од 6,4 степени според Рихтеоровата скала го погоди јужниот дел на островот околу четири часот изутрината во сабота по локално време.