Беспатен железнички превоз за млади, УМС ја искористи и промовира мерката

УМС на ВМРО-ДПМНЕ во дружба со младите кои го користат возот како превоз и мерките кои во таа насока ги донесе Владата, разговараше за активните и планираните мерки за млади.Една од мерките на Владата овозможува сите млади секој прв и трет викенд во месецот можат бесплатно да го користат железничкиот сообраќај.Во 2014 година 18.000 млади луѓе ја искористија оваа мерка со што заштедија вкупно околу 6 милиони денари. Во 2015 година интересот за оваа мерка се зголеми со што 32.000 млади луѓе ја искористиле оваа мерка со што се заштедија околу 11 милиони денари.Процеките и очекувањата предвидуваат дека во 2016 година овој проект ќе биде за 30% поискористен од 2015 година. Заклучно со месец април, односно за 4 месеци, оваа мерка ја искористиле над 17.000 млади.Нелоски апелираше до сите млади, како и до оние кои го користат железничкиот сообраќај, да не ги оштетуваат возовите.