Белгиски компании се заинтересирани да инвестираат во ç. Можностите за инвестирање во нашата земја вчера беа претставени пред 100-ина белгиски компании на бизнис форум во Антверпен, Белгија, од страна на македонска делегација предводена од вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески.Бизнисмените од Белгија искажале голем интерес и се очекува во следниот период да ја посетат Македонија. Ниското даночно оптоварување, добрите административни услови, квалитетната работна сила и добрата логистика и инфраструктура се причините поради кои белгиските компании покажале интерес за инвестирање.Според сопственикот на „Ван Хул“, владиниот пристап кон бизнисот и брзото решавање на проблемите се клучните фактори поради кои се поголем број странски компании се одлучуваат да инвестираат во Македонија. Белгија е меѓу десетте најголеми трговски партнери на Македонија.