​
Brand
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Арсовски: Со вчерашното апсење се покажа дека во Македонија владее криминално политичко милје и се потврди сето она кое што го говореше ВМРО-ДПМНЕ изминатиот период

Изјави 16 јули 2019 13:47

Со вчерашното апсење се покажа дека во Република Македонија владее криминално политичко милје и се докажа сето она, односно се потврди сето она кое што го говореше ВМРО-ДПМНЕ изминатиот период. Сето она што го видовме вчера е само потврда дека во Република Македонија има огромна корупција, има огромни скандали меѓутоа над овие луѓе треба да …

Со вчерашното апсење се покажа дека во Република Македонија владее криминално политичко милје и се докажа сето она, односно се потврди сето она кое што го говореше ВМРО-ДПМНЕ изминатиот период. Сето она што го видовме вчера е само потврда дека во Република Македонија има огромна корупција, има огромни скандали меѓутоа над овие луѓе треба да се бараат нарачателите. Ние имаме сериозен сомнеж дека нарачатели на сето ова се врвот на власта, односно врвот на СДСМ. Така да ова е уште една потврда дека во Република Македонија владее сериозна корупција, владее сериозно рекетарство, уцени и сето она што се случуваше во изминатиот период со СЈО се покажа дека било само инструмент за политички пазар. Било инструмент за уцени и личен интерес. И едноставно за уценување на сите оние луѓе кои што беа опфатени на оние снимки кои што беа во СЈО.

Ова го истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски, одговарајќи на прашањето: Власта денеска излезе со став дека вчерашното апсење е потврда за тоа дека правната држава функционира и дека неселективно се пресметува со криминалот и со корупцијата. Каков е ставот на опозицијата во врска со ова?

Во продолжение одговорите на новинарските прашања:

Прашање: Во петок е закажана лидерска средба, дали ќе присуствува опозицијата?

Одговор: Нашиот став во однос на лидерската средба е непроменет од однос на вчера. Ние како што рековме на лидерската средба прво и основно треба да се разговара за  предвремени парламентарни избори, а потоа за се останато, после таа точка. Ние веќе еднаш инициравме да се сретнат лидерите за ЕУ агендата, за реформите во Република Македонија меѓутоа тогаш Зоран Заев едноставно не сакаше и избега. Еве сега повторно бега од она главно прашање кое што го ставаме на маса, а тоа е како прва точка на лидерската средба да се разговара за предвремени парламентарни избори кои после сите скандали и се неопходни на Република Македонија. И она вчерашно апсење кое што се случи е само политички циркус се со цел да се покријат сите оние огромни скандали кои што изминатиот период ја нагрнаа власта односно директно го нагрнаа Зоран Заев за кој како што реков отвораме сериозен сомнеж  дека тој е можеби и врвот на целата пирамида. И тоа  треба да се истражи. Затоа потребни се предвремени парламентарни избори за да Република Македонија излезе од оваа криза во која што моментов се наоѓа и која што е многу сериозна и со многу коруптивни, и секакви други скандали.

Прашање: Вчерашниот став на ВМРО-ДПМНЕ за лидерската беше дека органите на партијата ќе одлучат дали да се оди на таа лидерска средба односно ќе треба и тајмингот да се види дали Мицкоски е слободен. Сепак телефонот на Специјалната јавна обвинителка е одземен, нели е тоа доволна причина да се отиде на таа лидерска средба и да се наметне прашањето кое вие инсистирате?

Одговор: Видете, како што реков, во однос на терминот и локацијата за лидерската средба тоа органите на партијата ќе анализираат и ќе кажат согласно како што кажав агендата на претседателот. Во однос на лидерската средба на темите нашиот став останува непроменет и во однос по сите случувања кои што не само вчера, туку и претходно се случуваа ние затоа бараме прва точка на таа лидерска средба да биде разговор за  предвремени парламентарни избори, бидејќи во моментот парламентарни предвремени избори се неопходни да се стави крај на сето ова што се случува. Народот е револтиран, народот веќе еднаш му покажа црвен картон на Заев тоа беше на овие претседателски избори кои што изминаа за подоцна да прави политички пазар и така да победи но во моментов неопходни се предвремени парламентарни избори и тоа е нашето барање. На таа лидерска средба прво прашање по кое што ќе се  разговара да биде предвремени парламентарни избори.

Прашање:После вчерашните случување каде што и се одзема мобилниот телефон на Катица Јанева во јавноста каде што има сомнежи во случајот, каков е според вас кредибилитетот на СЈО?

 Одговор: Видете кредибилитетот на СЈО не и во моментов и претходно беше таков каков што беше односно никаков и на најниско ниво. ВМРО ДПМНЕ и сите останати независни експерти и аналитичари оценуваа и укажуваа дека Специјалното Јавно обвинителство е само еден инструмент на СДСМ и на власта да може да се вршат уцени и да се прави политички пазари со одредени политичари или да се изнудува одредена корист од одредени бизнисмени и јавни личности. Со она што се случи вчера тоа само се потврди дека интегритетот на СЈО и на Катица Јанева која што неспорно е дека отсекогаш била блиска со СДСМ и со Зоран Заев е никаков и тоа е она што наназад со години ги следи Специјалното Јавно Обвинителство бидејќи таму не владееше односно не се спроведуваше неселективна правда туку напротив се спроведуваше селективна правда и еве како што гледаме не само што се спроведуваше селективна правда,  тоа било едно дувло каде што со сите оние снимки, со сите оние прислушкувани разговори  кои што едноставно можеа да се купат на тезги на пазари кои што беа расфрлани од Зоран Заев, се покажа дека биле користени, за рекет, за уцени, за изнуда од одредени луѓе. Сето она кое што го работеше СЈО во моментов паѓа во вода.

Прашање новинар: Премиерот Заев, вчера рече дека не размислува на предвремени избори или тие евентуални би можеле да се случат есен наредната година. До тогаш има прилично многу време, а вие секојдневно барате избори. Размислувате ли на некој нов начин да издејствувате, да извршите притисок, можеби со протести, можеби со деинституционализирање?

Одговор: Зоран Заев и во вчерашната своја изјава каде што кажа дека тој би разговарал за промена на изборен модел меѓутоа да не биде притисок да не биде предвремени избори, уште еднаш покажува дека бега од истите избори. Бега затоа што знае дека на следните предвремени парламентарни избори ќе биде поразен и тоа ќе биде поразен со огромен пораз кој што ќе му го нанесат граѓаните. Причината е јасна зошто ќе следи тој пораз. Тоа е поради неисполнетите, поради сите оние скандали во кои што беше вмешан тој самиот и во кој што беа вмешани сите негови функционери. Секој ден имаме различни и нови скандали, каде што гледаме дека се местат тендери, има двојни аршини, односно сите оние кои што се од СДСМ имаа предност во одредени функционирања на институциите. Има скандали каде како што гледаме биле вршени рекети, уцени. Така да сите тие скандали доведуваат до тоа дека Зоран Заев знае и е свесен дека неговиот рејтинг е паднат, на неговата партија рејтингот е паднат и дека на наредните предвремени парламентарни избори ќе биде поразен. Со тоа што да почекаме да видиме дали ќе има и дали ќе се разговара согласно нашиот услов за предвремени парламентарни избори, можеби ќе се предомисли Зоран Заев, ќе сфати дека ја нема довербата кај граѓаните, ќе објави парламентарни избори и мирно ќе си замине од власта за да може подоцна да се спроведе и правната држава и меѓутоа да се расчистат сите овие скандали. Но, доколку не се случи тоа во наредниот период ќе излеземе со конкретни точки од страна на органите на партијата, нормално Извршниот, а потоа и Централниот Комитет и потоа ќе ги кажеме нашите следни постапки. Сега да не избрзуваме, може ќе се вразуми после сите овие случувања да сфати дека треба оди од власта и да ја напушти власта во Република Македонија.

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Новогодишна честитка од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски

31.12.2021

Државата добива нова влада со стари, истрошени транзициски и искорумпирани кадри, влада за спас на криминалот

20.08.2020

Д-р. Јовчески: Глумењето нормализација води кон зголемување на заразата

12.06.2020

Мицкоски: Подавам рака да помогнам на Владата, еве како до 1 милијарда и 200 милиони евра без кратење на плати и веднаш да се помогне на бизнисот

28.03.2020

Најнови видеа

18:37

Мицкоски: Во Кисела Вода се случува вистинска промена, имаме  километри на нов асфалт, канализација, водовод

Изјави 14.05.2022
5:33

Ѓорѓиевски: Сето она што 30 години ги мачеше нашите сограѓани, го решаваме за помалку од 6 месеци

Изјави 14.05.2022
3:05

Арсовски: Луѓе блиски до врвот на СДСМ и ДУИ го оштетиле буџетот на државата преку фиктивни фактури за поврат на ДДВ до 30 милиони евра, МВР и ЈО да не молчат и да ги обелоденат

Изјави 13.05.2022
1:57

Николоски: Местото на Македонија е во ЕУ, а не во втора лига, Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја однесе државата во ЕУ

Изјави 13.05.2022
12:21

Мицкоски од Радовиш: Не се сите исти, додека власта е обременета со криминал и крадење, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ градат и го реализираат ветеното

Изјави 12.05.2022
1:41

Ристов: Салата за венчавање е проект кој радовишани го чекаа со години, ние го реализиравме, продолжуваме да работиме со несмалено темпо

Изјави 12.05.2022
2:18

Стојаноски: Пратениците на СДСМ не ја заработуваат ниту платата, со три пати помалку активности од ВМРО-ДПМНЕ тие се само гласачка машина на Заев, Ахмети и Ковачевски

Изјави 12.05.2022
2:13

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?

Изјави 11.05.2022
2:50

Петкоска: Власта не го закочи само Собранието, туку ги закочи и Охрид и Струга и целокупниот туристички и економски развој на државата

Изјави 11.05.2022
1:55

Стоилковски: Дали Заев и луѓе од актуелното СДСМ имаат имот во Дубаи? Зошто финансиските институции молчат?

Изјави 10.05.2022
5:37

Димитриеска Кочоска: Промени и во Свети Николе се случуваат, се гради противпожарна станица, а се и асфалтира голем потег од Бел Камен до Рудина

Изјави 09.05.2022
2:53

Владев: Во Свети Николе паралелно се асфалтираат улици, се гради градинка, игралишта, водоводи, а ќе добиеме и модерна противпожарна станица

Изјави 09.05.2022
© Copyright 2022 Македонија24.мк | Сите права се задржани.