​
Brand
  • Насловна
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Арсовски: Смешно и срамно е ослободувањето на Јанева

Изјави 20 ноември 2019 14:26

По вчерашното пуштање од притвор на Катица Јанева и збунетите реакции на Кацарска судот и Русковска обвинителството како да не знаат што се случува, очигледно е дека сето она што го видовме вчера е само театар и претходно смислено сценарио, рече на денешната прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски. -Ослободувањето од притвор на Катица Јанева …

По вчерашното пуштање од притвор на Катица Јанева и збунетите реакции на Кацарска судот и Русковска обвинителството како да не знаат што се случува, очигледно е дека сето она што го видовме вчера е само театар и претходно смислено сценарио, рече на денешната прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

-Ослободувањето од притвор на Катица Јанева е воедно и срамно и смешно. Нема јакна што ќе може да го покрие срамот на ова Кацарска судство и Русковска обвинителство. Најпрвин негираа дека има случај, па негираа дека има вмешаност на политичари, па најпосле се испостави дека навистина се вршел Рекет и во истиот биле вмешани и политичари и СЈО и се останато и случајно сите ги изгубија мобилните телефоните. Свесно оставија простор да може Катица Јанева најпрвин да брише и форматира компјутери, потоа да губи мобилни телефони додека е на плажа и на крај да ги избрише сите докази кои што се неопходни за постапката. Зоран Заев најпрвин на лидерска средба пред неколку месеци најави дека ќе мора да се ослободи од притвор Катица Јанева, а потоа тврдеше дека се лажги со опашки. Денес веќе е јасно за какво организирано сценарио се работи каде што театрално глумат и се караат Русковска и Апелација, па ќе се пријавуваат во полиција каде што министерот е најблизок на Зоран Заев и во спрега со ова обвинителството, за на крај да Зоран Заев тврди дека е потребно ветинг по негова мерка. Истрагата се водеше и продолжува да се води аматерски и заштитнички кон криминалот. Се што се прави е пазарења и обид да се спаси главата на октоподот, а тоа сите знаеме дека се наоѓа на Илинденска бб во владата. Стравот да не пропее Катица Јанева или другите обвинети е резултат на сето ова што се случува каде што се исполнуваат нечии желби. Смешно и жално е ова што се случува во правосудството, истакна Арсовски.

Затоа потребна е обнова на Македонија, потребно е обновено правосудство а тоа ќе започне после 12 април, подвлече Арсовски.

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Арсовски: Заев и Рашковски имаат за цел да изберат 60 судии и јавни обвинители, кои претходно ги одбрале

13.09.2019

Мицевски: СДСМ и Зоран Заев и понатаму ја штитат осомничената Катица Јанева и секое одлoжување на разрешувањето на Јанева е давање ветар во грб на криминалот

13.09.2019

Јанушев: Зоран Заев сака амнестија на криминалот, а не одговорност и санкции

13.09.2019

Трипуновски: Квази мерката „Зелена нафта“ е фиктивна и нема реално да ги реши проблемите на македонските земјоделци

31.07.2019

Најнови видеа

9:34

Дали е точно дека фирмите кон кои должи СДСМ молчат зошто добиваат закани и уцени од власта?

Изјави 08.12.2019
3:50

Презентирани докази дека власта уништила инсулин вреден еден ипол милион евра со валиден рок на траење, се бара одговорност

Изјави 08.12.2019
5:12

Македонија руши рекорди по загаденост, Заев и СДСМ ништо не преземаат освен што ги лажат граѓаните и здруженијата за заштита на животната средина

Изјави 08.12.2019
2:47

Стојаноска: Дебарчани кажуваат дека наместо План за живот, ниту било планирано живот во Дебар, ниту има некакви планови за во иднина

Изјави 07.12.2019
4:23

„Спасовски води хајка против ВМРО-ДПМНЕ, преку злоупотреба на полицијата, а молчи за долгот на СДСМ“

Изјави 07.12.2019
2:06

Андоновска: Дали скандалот во кој се уништени половина тон инсулин со валиден рок на траење треба да обезбеди нов милионски тендер за власта?

Изјави 07.12.2019
7:16

Стоилковски: Извештајот на СДСМ покажува дека имаат долг од 2.5 милиони денари – оовој е наслов ја на Боки га прати

Изјави 06.12.2019
5:52

Највкусни крцкави компирчиња од рерна брзо и лесно

Магазин 06.12.2019
25:39

44 рецепти за вљубениците на храната кои сакаат различна храна

Македонија 06.12.2019
14:06

Одлични идеи за 5 минути

Магазин 06.12.2019
2:11

Иџе: АМС ми сврте грб, таа стана најголема пречка за постигнување на врвни спортски резултати

Спорт 05.12.2019
9:58

Интервју со Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

Интервју 04.12.2019
© Copyright 2019 Македонија24.мк | Сите права се задржани.