​
Brand
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Арсовски: Се случува криминална приватизација на јавното здравство- време е оваа власт да почне да работи во интерес на здравјето на граѓаните

Изјави 6 јуни 2019 12:16

Иако од Министерството за здравство, тврдат дека превземаат чекори за унапредување на јавното здравство во повеќе категории, сепак реалноста е дека нема никаква реализација, ниту пак подготовка за реализација на бомбастично најавуваните проекти за подобрувења на здравствениот систем кои ги вети СДСМ. Единствено се случува криминална приватизација на јавното здравство, исто како приватизацијата на државните …

Иако од Министерството за здравство, тврдат дека превземаат чекори за унапредување на јавното здравство во повеќе категории, сепак реалноста е дека нема никаква реализација, ниту пак подготовка за реализација на бомбастично најавуваните проекти за подобрувења на здравствениот систем кои ги вети СДСМ. Единствено се случува криминална приватизација на јавното здравство, исто како приватизацијата на државните институции и фирми во 90тите години, истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Таква е последна криминална тендерска постапка на Министерството за Здравство, со обидот за приватизација на стерилизацијата во Јавните здравствени институции. И замислете Венко Филипче тоа го нарекува, “Интегрирано менаџирање со иновативни решенија за хируршки зафати и здравствена заштита од болнички инфекции”. А со еден збор претставува приватизација на стерилизацијата на хируршките сали и инструменти во сите здравствени институции во Македонија, вели Арсовски и додава:

„Денес, во Министерството за здравство, ќе се отвара тендерската документација за приватизација на стерилизацијата, а Министерот не одговори на следните прашања:

  1. Се најавуваат највисоки стандарди за стерилизација, а во медицинската документација се бараат единствено исполнување на најосновните интернационални стандарди?
  2. Дали до сега стерилизацијата не се изведуваше според нависоки европски стандарди?
  3. Дали тендерската процедура фаворизира една странска компанија, која имплементира ваков проект на приватизација на стерлизацијата во здравството во соседна Албанија?
  4. Дали не случајно се исклучени сите компании од Македонија, со барањето од тендерот да имаат вкупен годишен промет во последните 3 фискални години, кој не помал од 30 милиони евра?
  5. Дали против компанијата која ја фаворизира Министерот Филипче, постои судски процес во Италија и во Албанија?
  6. Дали компанијата кој ја подготвува Министерот да добие на тендерот, ќе има ексклузивни права за стерилизација на целата територија на Македонија?  Дали со тоа се планира да пропаднат и да згаснат 25 до 30 економски оператори кои што постојат моментално на пазарот во Република Македонија?

Според начинот на кој што е подготвен последниот тендер за стерилизција, ќе добиеме приватна компанија со монопол да ја добие грижата за стерилизацијата на зафатите во здравствените институции. Станува збор за област за која во иднина приватна фирма ќе треба да набавува хируршки инструменти, облека за лицата кои влегуваат во операциска сала, дезинфекција на салите, до грижа за медицинскиот отпад“.

Ги повикуваме, потенцира тој, Министерот Венко Филипче и надлежните во Министерството за здравство, да не дозволат судбината на граѓаните да падне во рацете на несериозни приватни компании против кои што се водат судски постапки. -Време е оваа власт да почне да работи во интерес на здравјето на граѓаните.

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Новогодишна честитка од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски

31.12.2021

Државата добива нова влада со стари, истрошени транзициски и искорумпирани кадри, влада за спас на криминалот

20.08.2020

Д-р. Јовчески: Глумењето нормализација води кон зголемување на заразата

12.06.2020

Мицкоски: Подавам рака да помогнам на Владата, еве како до 1 милијарда и 200 милиони евра без кратење на плати и веднаш да се помогне на бизнисот

28.03.2020

Најнови видеа

18:37

Мицкоски: Во Кисела Вода се случува вистинска промена, имаме  километри на нов асфалт, канализација, водовод

Изјави 14.05.2022
5:33

Ѓорѓиевски: Сето она што 30 години ги мачеше нашите сограѓани, го решаваме за помалку од 6 месеци

Изјави 14.05.2022
3:05

Арсовски: Луѓе блиски до врвот на СДСМ и ДУИ го оштетиле буџетот на државата преку фиктивни фактури за поврат на ДДВ до 30 милиони евра, МВР и ЈО да не молчат и да ги обелоденат

Изјави 13.05.2022
1:57

Николоски: Местото на Македонија е во ЕУ, а не во втора лига, Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја однесе државата во ЕУ

Изјави 13.05.2022
12:21

Мицкоски од Радовиш: Не се сите исти, додека власта е обременета со криминал и крадење, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ градат и го реализираат ветеното

Изјави 12.05.2022
1:41

Ристов: Салата за венчавање е проект кој радовишани го чекаа со години, ние го реализиравме, продолжуваме да работиме со несмалено темпо

Изјави 12.05.2022
2:18

Стојаноски: Пратениците на СДСМ не ја заработуваат ниту платата, со три пати помалку активности од ВМРО-ДПМНЕ тие се само гласачка машина на Заев, Ахмети и Ковачевски

Изјави 12.05.2022
2:13

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?

Изјави 11.05.2022
2:50

Петкоска: Власта не го закочи само Собранието, туку ги закочи и Охрид и Струга и целокупниот туристички и економски развој на државата

Изјави 11.05.2022
1:55

Стоилковски: Дали Заев и луѓе од актуелното СДСМ имаат имот во Дубаи? Зошто финансиските институции молчат?

Изјави 10.05.2022
5:37

Димитриеска Кочоска: Промени и во Свети Николе се случуваат, се гради противпожарна станица, а се и асфалтира голем потег од Бел Камен до Рудина

Изјави 09.05.2022
2:53

Владев: Во Свети Николе паралелно се асфалтираат улици, се гради градинка, игралишта, водоводи, а ќе добиеме и модерна противпожарна станица

Изјави 09.05.2022
© Copyright 2022 Македонија24.мк | Сите права се задржани.