​
Brand
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Арсовски: Сериозна зараза од епидемија на непотизам владее и во Прилеп, град кој е под целосна контрола од кадрите на СДСМ

Изјави 13 јануари 2020 13:41

Сериозна зараза од епидемија на непотизам владее и во Прилеп, град кој е под целосна контрола од кадрите на СДСМ, ова денеска преку прес-конференција го истакна Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ. -Во Прилеп, нема функционер на СДСМ кој што не си ја вработил целата фамилија, почнувајќи од градоначалникот за кој имаше постапки во ДКСК, па се …

Сериозна зараза од епидемија на непотизам владее и во Прилеп, град кој е под целосна контрола од кадрите на СДСМ, ова денеска преку прес-конференција го истакна Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Во Прилеп, нема функционер на СДСМ кој што не си ја вработил целата фамилија, почнувајќи од градоначалникот за кој имаше постапки во ДКСК, па се до најнискиот партиски активист кој што работи во општината или било на кое друго место во државната администрација. Денеска, ќе ја запознаеме јавноста со неколку случаеви на непотизам на локално ниво односно во Општина Прилеп. Прв случај, ќе го посочиме директорот на ОУ „Гоце Делчев“, Веле Георгиоски, кој си го вработил својот син Славчо Георгиоски во Јавното претпријатие за стопанисување со јавен станбен и деловен простор. Ни помалку, ни повеќе на место каде што платата е далеку повисока од просечната плата. Втор случај, Советникот на СДСМ во Општина Прилеп, Шеверкоски, си ја вработил својата ќерка Весна Шеверкоска во општината, во општината каде што тој самиот е советник, а другата ќерка Цвете Божиноска си ја вработил во подрачно училиште во с. Обршани. Онаму каде што тој самиот е советник од СДСМ, ја вработува ќерка си, па еве нека ги убеди граѓаните дека немал никакво влијание за овие две вработувања. Трет случај, досегашниот командир на полициската станица Прилеп, партискиот полицаец на СДСМ, Кире Спиркоски, сестрата на сопругата, Викторија Јовческа ја вработил по ново во општина Прилеп. Најверојатно како награда за работата која што ја вршел до сега за СДСМ, како командир на полициската станица. Четврт случај на непотизам во Прилеп, Круме Симоноски инаку комерцијален директор на Тутунски комбинат во Прилеп, близок до функционерите од СДСМ, си ги вработил и сопругата и нејзината сестра во Тутунски комбинат каде што самиот е комерцијален директор. Еве и тука нека ги убедат граѓаните дека немале никакво влијание во ова вработување, потенцира Арсовски.

Тој додава дека Прилеп е општина која е заробена од неколку фамилии од СДСМ.

-Затоа апелираме до Државната Комисија за спречување на корупција да ги земе многу сериозно сите овие информации јавно истакнати за непотизам, за епидемија од непотизам во Општина Прилеп. Исто како што минатите неколку денови објавувавме за Општина Штип. Да се поведат постапки и соодветно да ги санкционира. Да ги санкционира сите оние каде што ќе се утврди дека имало влијание во вработување на роднините од своите семејства. Одговорност ќе има, и одговорност мора да има! Република Македонија конечно мора да тргне напред и тоа ќе се случи веднаш по 12-ти април откако ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите. И конечно ќе почне обнова на Македонија, потенцира Арсовски.

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Новогодишна честитка од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски

31.12.2021

Државата добива нова влада со стари, истрошени транзициски и искорумпирани кадри, влада за спас на криминалот

20.08.2020

Д-р. Јовчески: Глумењето нормализација води кон зголемување на заразата

12.06.2020

Мицкоски: Подавам рака да помогнам на Владата, еве како до 1 милијарда и 200 милиони евра без кратење на плати и веднаш да се помогне на бизнисот

28.03.2020

Најнови видеа

2:01

Митева: Цените на основните намирници се зголемени двојно, плата од 20.000 денари денес, е како плата од 10.000 денари лани

Изјави 07.06.2022
0:46

Попов: Како млади советници дадовме предлог до Советот на град Скопје да донесе одлука за дискотеките во Градски парк да може да работат оваа година, повикуваме на поддршка

Изјави 07.06.2022
4:39

Мицевски: СДСМ го оправда однесувањето на Џафери, тие денеска го оправдаа мобингот кој тој го вршеше врз администрацијата

Изјави 06.06.2022
3:41

Митева:Реалната инфлација е и до 100%, цените на основните намирници се дуплирани, а СДСМ се крие зад статистичка шминка

Изјави 06.06.2022
3:12

Ржаникоски: Во болницата во Прилеп не се набавува никаква ниту се сервисира старата опрема, за голем број снимања пациентите се праќаат во околните градови

Изјави 04.06.2022
4:18

Божиновска до Спасовски: Бараме разрешување на командирот Вукановиќ, за 37% е зголемен бројот на кривични дела во Куманово, а до Советот нема доставено одговор за потфрлањата, ниту превентивен план

Изјави 04.06.2022
4:15

Коњановски: Битола во моментот e едно големо градилиште, се асфалтираат улици, се работи на спортски терени, противпожарна зграда, така и ќе продолжиме

Изјави 03.06.2022
4:14

Мицкоски: Во Битола се случува инфраструктурен бум, покажавме дека не сме сите исти

Изјави 03.06.2022
2:06

Трипуновски: Владата да интервенира со 40.000 тони пченица од стоковите резерви, за лебот да не стане луксуз

Изјави 03.06.2022
5:36

Мицевски: Бараме да се закаже итна седница за предлог законите за изменување и дополнување на законот за додадена вредност и законот за акцизи

Изјави 02.06.2022
2:42

Томовски: Минималната плата не е доволна ниту за преживување, бараме ослободување од ДДВ за прехранбените производи и 5% ДДВ за горивата до крајот на годината

Изјави 02.06.2022
2:38

Стоилковски: ДКСК да отвори случај за Темелко Ристески, враќање на парите, кривична и политичка одговорност за сите инволвирани од власта

Изјави 01.06.2022
© Copyright 2022 Македонија24.мк | Сите права се задржани.