​
Brand
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Арсовски: Ова е најлошата година за економијата во Македонија, а тоа е уште еден показател дека оваа Влада на СДСМ и Заев е неспособна

Изјави 6 август 2019 14:30

Ситуацијата со најголемиот Буџет изгласан до сега од страна на СДСМ и парламентарното мнозинство е иста како и ситуацијата во која се наоѓа Република Македонија, а тоа е катастрофална и тоа од моментот откако дојде СДСМ и Зоран Заев на чело на државата, ова денеска преку прес-конференција го истакна Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ. -Зоран Заев …

Ситуацијата со најголемиот Буџет изгласан до сега од страна на СДСМ и парламентарното мнозинство е иста како и ситуацијата во која се наоѓа Република Македонија, а тоа е катастрофална и тоа од моментот откако дојде СДСМ и Зоран Заев на чело на државата, ова денеска преку прес-конференција го истакна Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Зоран Заев ја втурна Република Македонија во катастрофа од која што нема да може да се опорави државата многу долго време. Да почнеме со катастрофалната наплата на УЈП која престана после месец мај да објавува извештаи. Во првата половина на 2019 година според планираното требало да бидат наплатени 43,4 милијарди денари, а наплатени се околу 39,3 милијарди денари. Катастрофалното работење на УЈП и лошата наплата и лошото работење резултира со разлика од околу 4,1 милијарди денари помалку. Во вториот квартал наплатата е за 12% помалку од планираната наплата според планот на Владата од почетокот на годината кој што беше објавен. Замислете колку се неспособни, во месец април имаме речиси 6% помала наплата од планираната, во месец мај имаме речиси 13% или повеќе од дупло помалку, додека пак во месец јуни имаме речиси 16% помала наплата од онаа која што била планирана на почетокот на годината од страна на Владата на СДСМ, потенцира Арсовски.

Тој додава дека, затоа пак наплатата на рекет од страна на СДСМ се одвива непречено и без застој. Тоа го видовме и со аферата „Рекет“, каде што учинокот им е 100 отсто и немало посериозен бизнисмен во државава кој не бил посетен да си плати рекет од страна на СДСМ.

-Нивото на реализација на капиталните трошоци и капиталните расходи, е катастрофални и ниски 20-тина проценти. Ова е најлошата година за економијата во Република Македонија и тоа е уште еден показател дека оваа Влада на СДСМ и Зоран Заев е неспособна. Тек допрва ќе биде лоша работата во вториот дел од годината 2019 практично откако Зоран Заев неформално го презема министерството за финансии да го раководи. До крајот на годината според сите параметри и прогнози, реализацијата од Буџетот нема да биде повеќе од 50% или ова значи дека реализацијата ќе биде за околу 200 милиони евра помалку. Каде ли ќе завршат тие 200 милиони евра на крајот на годината каде што требаше да се инвестираат во капитални инвестиции? Грешката е што дефицитот и планираните раздолжувања кои што ќе ги прави Владата на Република Македонија се финансираат со дополнителни задолжувања кои што ги гледаме секојдневно. Тие задолжувања во првите 6 месеци од годината се на ниво од отприлика 16 милијарди денари, од кои замислете 9,5 милијарди денари се средства коишто ги финансираат овие егзибиционистички и антибизнис политики на Владата на Република Македонија кои што потекнуваат директно од премиерот Зоран Заев. Зоран Заев е погубен за Република Македонија. Што побрзо си замине од власта, толку подобро за граѓаните и за државата, и за бизнис климата во Република Македонија. За сите погрешни политики некој треба да одговара и ќе одговара верувајте по промената на власта. Нерационалните трошоци и крајната цел каде завршуваат парите мора да биде предмет на истрага и мора некој да одговара за истите. Потребна е обнова на Македонија, а таа ќе започне кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја преземе власта, потенцираше Арсовски.

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Новогодишна честитка од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски

31.12.2021

Државата добива нова влада со стари, истрошени транзициски и искорумпирани кадри, влада за спас на криминалот

20.08.2020

Д-р. Јовчески: Глумењето нормализација води кон зголемување на заразата

12.06.2020

Мицкоски: Подавам рака да помогнам на Владата, еве како до 1 милијарда и 200 милиони евра без кратење на плати и веднаш да се помогне на бизнисот

28.03.2020

Најнови видеа

18:37

Мицкоски: Во Кисела Вода се случува вистинска промена, имаме  километри на нов асфалт, канализација, водовод

Изјави 14.05.2022
5:33

Ѓорѓиевски: Сето она што 30 години ги мачеше нашите сограѓани, го решаваме за помалку од 6 месеци

Изјави 14.05.2022
3:05

Арсовски: Луѓе блиски до врвот на СДСМ и ДУИ го оштетиле буџетот на државата преку фиктивни фактури за поврат на ДДВ до 30 милиони евра, МВР и ЈО да не молчат и да ги обелоденат

Изјави 13.05.2022
1:57

Николоски: Местото на Македонија е во ЕУ, а не во втора лига, Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја однесе државата во ЕУ

Изјави 13.05.2022
12:21

Мицкоски од Радовиш: Не се сите исти, додека власта е обременета со криминал и крадење, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ градат и го реализираат ветеното

Изјави 12.05.2022
1:41

Ристов: Салата за венчавање е проект кој радовишани го чекаа со години, ние го реализиравме, продолжуваме да работиме со несмалено темпо

Изјави 12.05.2022
2:18

Стојаноски: Пратениците на СДСМ не ја заработуваат ниту платата, со три пати помалку активности од ВМРО-ДПМНЕ тие се само гласачка машина на Заев, Ахмети и Ковачевски

Изјави 12.05.2022
2:13

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?

Изјави 11.05.2022
2:50

Петкоска: Власта не го закочи само Собранието, туку ги закочи и Охрид и Струга и целокупниот туристички и економски развој на државата

Изјави 11.05.2022
1:55

Стоилковски: Дали Заев и луѓе од актуелното СДСМ имаат имот во Дубаи? Зошто финансиските институции молчат?

Изјави 10.05.2022
5:37

Димитриеска Кочоска: Промени и во Свети Николе се случуваат, се гради противпожарна станица, а се и асфалтира голем потег од Бел Камен до Рудина

Изјави 09.05.2022
2:53

Владев: Во Свети Николе паралелно се асфалтираат улици, се гради градинка, игралишта, водоводи, а ќе добиеме и модерна противпожарна станица

Изјави 09.05.2022
© Copyright 2022 Македонија24.мк | Сите права се задржани.