​
Brand
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Арсовски: Криминалот на кланот Заеви метастазира како канцер во државава.

Изјави 3 мај 2019 16:58

Почитувани граѓани, почитувани медиуми, Се наоѓаме пред економската зона Сачево, економската зона која што беше најавена помпезно од Зоран Заев пред 10- тина години каде што Зоран Заев ветуваше 16 фабрики и вработувања за над 2.500 илјади, односно 5.000 нови вработени струмичани и други луѓе од струмичкиот регион. Дополнително како што можете да забележите тука …

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,
Се наоѓаме пред економската зона Сачево, економската зона која што
беше најавена помпезно од Зоран Заев пред 10- тина години каде што Зоран
Заев ветуваше 16 фабрики и вработувања за над 2.500 илјади, односно 5.000
нови вработени струмичани и други луѓе од струмичкиот регион. Дополнително
како што можете да забележите тука има само трева нема ниту една од
најавените 16 инвестиции на Зоран Заев.
Ова е прав доказ за таа огромна нула која што му ја дадоа германските
инвеститори на Зоран Заев , и ова е уште еден доказ зошто економијата во
Република Македонија само во првите три месеци од 2019 има 6, 21 %
капитални инвестиции.
Оваа е доказ дека оваа влада е неспособна на чело со Зоран Заев и ова е
доказ дека освен личниот интерес и личните фирми и бизниси друго ништо не
работат.
„Едно евро за Вицето случајот, едно евро за црквата“ е симбол за
корупцијата на Зоран Заев и оваа влада. Сите оние пари кои што ги има барано
Зоран Заев по едно евро за неговиот брат е симбол како функционира Зоран
Заев, како функционираше како градоначалник на Струмица и како
функционира како претседател на Владата. Сега кога Зоран Заев го има во
своите канџи Русковска обвинителството и Кацарска судството можевме да
видиме дека каде што е жив фатен во случајот за поткуп на еден струмички
бизнисмен беше тргнат целиот случај и Зоран Заев беше ослободен од
обвинение.
Мора да признаеме дека Зоран Заев е махер за ваков поткуп и ваков
криминал и од оние снимки кои што ги видовме јасно се виде дека на најдрзок
начин на струмичките бизнисмени сите оние кои што сакаат да инвестираат во
струмичкиот регион да купуваат државно земјиште им бараат по едно евро.
Тој е криминал од највисок ранг и еден ден кога ќе се ослободи
судството од канџите на Зоран Заев за тоа „едно евро за Вицето“ ќе одговара
онака како што заслужил.
300.000 илјади евра беше баран поткуп и за тој поткуп можеме да
видиме дека беше ослободен. Спротивно на тоа невини луѓе лежат по затвори.
Затоа потребно е правда и правдина потребна е правда за граѓаните наРепублика Македонија, и потребно е Зоран Заев што побрзо да си оди од
власт и криминалците да завршат во затвор.
Се наоѓаме на местото во старата касарна во Струмица, место каде што е
симбол на злоупотреба на службена должност за лични цели на фамилијата на
Заеви. На ова место бизнис партнерот на Зоран Заев односно на фамилијата
Заеви – Сашо Брндевски, купува 18.462 метри квадратни земјиште по цена од
2.300 денари за метар квадратен.
Во вредност некаде околу 700.000 илјади евра. Истото тоа земјиште
истиот тој Сашо Брндевски го продава на фирмата „Тотал Инженеринг“ за стан,
односно за размена на стан од 40 –тина метри квадратни во вредност од 30.000
евра кој што му следува на него за ова земјиште. Уште еднаш може да се
забележи криминалот кој што го имаат направено овие луѓе.
Остануваат прашањата како токму братот и братучедот на премиерот ја добиле
дозволата да се гради на ова место. Дали ги искористиле овластувањата на
функцијата на Заеви во 2014 година кога беше градоначалник на Струмица и
дали тоа не е конфликт на интереси и целосна морална дисторзија.
Останаа отворени прашањата уште тогаш дали се работи за постапка каде
однапред се знаел добитникот на парцелата – тоа е Сашо Брндевски, кој
подоцна ја продава на фамилијата Заеви. Под кои услови е отстапено правото на
градење од Сашо Брндевски на фамилијата Заеви ,односно Тотал Инженеринг
фирмата која што беше вклучена и во превозот на РЕК Битола?
Се уште не е испитано потеклото на парите на Сашо Брндевски кој што
купи земјиште во вредност од 700.000 илјади евра на општината. Очигледно е
дека криминалот на фамилијата Заеви метастазира како канцер во државата и
откако дојдоа на власт уште повеќе го зголемија криминалното дејание кое што
го имаа и од претходно.
Се наоѓаме пред Глобал симболот на аболицијата и криминалот на Зоран
Заев вредни 8 милиони евра. Тука пред мене е аболицијата со која што тогаш
Зоран Заев заедно со неговите бизнис партнери меѓу кои и Горан Крстев е
аболициран за криминал вреден 8 милиони евра. Глобал е споменик на
аболицијата кој што се уште стои и кој што ги вбројува Зоран Заев како
единствен аболициран премиер во целиот свет.
Наспроти тоа ги имаме и „Цареви кули“ кои што со потписот на Зоран
Заев се легализирани вкупно 645 метри квадратни подоцна од тоа што требало
претходно да биде поднесено за легализација. „Цареви кули“ и „Глобал“ се
симболот за криминалот, за криминалното работење на Зоран Заев како
градоначалник на општина Струмица.

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Новогодишна честитка од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски

31.12.2021

Државата добива нова влада со стари, истрошени транзициски и искорумпирани кадри, влада за спас на криминалот

20.08.2020

Д-р. Јовчески: Глумењето нормализација води кон зголемување на заразата

12.06.2020

Мицкоски: Подавам рака да помогнам на Владата, еве како до 1 милијарда и 200 милиони евра без кратење на плати и веднаш да се помогне на бизнисот

28.03.2020

Најнови видеа

18:37

Мицкоски: Во Кисела Вода се случува вистинска промена, имаме  километри на нов асфалт, канализација, водовод

Изјави 14.05.2022
5:33

Ѓорѓиевски: Сето она што 30 години ги мачеше нашите сограѓани, го решаваме за помалку од 6 месеци

Изјави 14.05.2022
3:05

Арсовски: Луѓе блиски до врвот на СДСМ и ДУИ го оштетиле буџетот на државата преку фиктивни фактури за поврат на ДДВ до 30 милиони евра, МВР и ЈО да не молчат и да ги обелоденат

Изјави 13.05.2022
1:57

Николоски: Местото на Македонија е во ЕУ, а не во втора лига, Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја однесе државата во ЕУ

Изјави 13.05.2022
12:21

Мицкоски од Радовиш: Не се сите исти, додека власта е обременета со криминал и крадење, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ градат и го реализираат ветеното

Изјави 12.05.2022
1:41

Ристов: Салата за венчавање е проект кој радовишани го чекаа со години, ние го реализиравме, продолжуваме да работиме со несмалено темпо

Изјави 12.05.2022
2:18

Стојаноски: Пратениците на СДСМ не ја заработуваат ниту платата, со три пати помалку активности од ВМРО-ДПМНЕ тие се само гласачка машина на Заев, Ахмети и Ковачевски

Изјави 12.05.2022
2:13

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?

Изјави 11.05.2022
2:50

Петкоска: Власта не го закочи само Собранието, туку ги закочи и Охрид и Струга и целокупниот туристички и економски развој на државата

Изјави 11.05.2022
1:55

Стоилковски: Дали Заев и луѓе од актуелното СДСМ имаат имот во Дубаи? Зошто финансиските институции молчат?

Изјави 10.05.2022
5:37

Димитриеска Кочоска: Промени и во Свети Николе се случуваат, се гради противпожарна станица, а се и асфалтира голем потег од Бел Камен до Рудина

Изјави 09.05.2022
2:53

Владев: Во Свети Николе паралелно се асфалтираат улици, се гради градинка, игралишта, водоводи, а ќе добиеме и модерна противпожарна станица

Изјави 09.05.2022
© Copyright 2022 Македонија24.мк | Сите права се задржани.