​
Brand
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Арсовски: Зоран Заев и Венко Филипче ја подготвуваат најголемата пљачка на Македонија во вредност од половина милијарда евра

Изјави 8 август 2019 19:34

Зоран Заев и Венко Филипче ја подготвуваат најголемата пљачка на Република Македонија и граѓаните кои живеат во неа во вредност од половина милијарда евра. 500 милиони евра е сума која што ќе биде опљачкана од граѓаните и од државата од страна на Зоран Заев и Венко Филипче кои се Влада во заминување и им се …

Зоран Заев и Венко Филипче ја подготвуваат најголемата пљачка на Република Македонија и граѓаните кои живеат во неа во вредност од половина милијарда евра. 500 милиони евра е сума која што ќе биде опљачкана од граѓаните и од државата од страна на Зоран Заев и Венко Филипче кои се Влада во заминување и им се гледа крајот многу брзо.

Целиот тендер и грабеж кој се подготвува за клиничкиот центар во Скопје е класично лудило. Лудилото кое ги има обземено Зоран Заев и Венко Филипче отиде толку далеку и ако на сите ни беше чудно како е можно да местат тендер од 35 милиони евра за реагенси, сега подготвуваат сомнителен тендер да ограбат половина милијарда евра од државата.

За почеток, да разјасниме дека кредитот од Развојната банка на Советот на Европа за клиничкиот центар беше 90 милиони евра и беше со каматна стапка од само 0.6%. Е сега, Зоран Заев и Венко Филипче го поништија истиот тендер, и со изменетиот Закон за јавни набавки распишаа нов во вредност од 500 милиони евра или 6 пати поголем од претходниот и тоа со комерцијални банки, конзорциум од три комерцијални банки каде што каматата нема теоретски шанси да биде под 2.5%, а голема е веројатноста според експертите да достигне и над 3%.

Имено, во Буџетот за 2019 година Зоран Заев и Венко Филипче не предвиделе пари за изградба на нов Клинички Центар во Скопје, зборам пари односно сума, целосната сума која што треба да чини за клиничкиот центар. За изградба на клиничките центри во Скопје и Штип во Буџетот за оваа година се предвидени само 9.5 милиони евра.

Почитувани,

9.5 милиони евра предвидени пари за оваа година за двата клинички центри, а распишуваат тендер за изградба на Клинички Центар во Скопје во висина од 500 милиони евра. Само 56 милиони евра ќе чини штипскиот клинички центар. Гледајќи го Буџетот и во наредните 3 години до 2021 според финансиската конструкција на министерство за финансии за изградба на двата клинички центри во Скопје и Штип се предвидени само 21 милион евра. Додека пак само за клинички центар Скопје распишуваат тендер од 500 милиони евра.

Оттука гледaме дека се работи за класичен грабеж и за тендер во кој министерот за здравство крие информации од јавноста. Внимавајте излегува вчера на прес конференција и се однесува како да е паднат од друга планета каде што не знае до кога ќе се исплаќа кредитот и која ќе биде каматната стапка.

Апелирам, апелираме уште еднаш, сите што ќе бидат инволвирани во оваа најкриминална постапка тендерска до сега, ќе одговараат кривично според Кривичен Законик на Република Македонија за злоупотреба на службена дејност и за сума од половина милијарда евра, истите тие ќе лежат во затвор доколку одат по паметот на Зоран Заев и Венко Филипче. Договорите со странските банки ќе бидат раскинати заради висока корупција.

Ги повикувам сите вработени во министерството за финансии, вработените во Секторот за јавен долг, вклучително и вработените во министерството за здравство, да не потпишуваат ништо во врска со ова задолжување, затоа што целиот тендер, целата тендерска постапка бурно ќе ја следиме до самиот крај. Доколку некој нешто потпише од овој криминален тендер, нека има на ум можеби не во моментов додека е Заев на власт, но многу брзо кога ќе падне Зоран Заев од власт ќе одговара и казната ќе го стигне. Ќе одговара кривично.

Ве повикувам сите до еден да не потпаѓате под влијанието на криминалното дуо Заев – Филипче. Да требаше нешто да биде потпишано, тоа ќе го потпишеше Тевдовски и немаше да биде променет од функцијата министер.

Воедно, антикорупциската повторно истакна дека не може премиер да биде и министер за финансии заради конфликт на интереси. Затоа, апелираме дека ниту заменичката Ширете Елези, не смее да потпишува толкаво задолжување, ниту пак никој од Владата има таква надлежност.

Во наредниот период на политичко ниво ќе ги информираме сите релеватни организации и држави, како и сите меѓународните финансиски институции со однапред подготвена елаборација дека постојат и дека сме убедени дека постојат сериозни индиции за корупција и нанесување намерна штета на државата од 500 милиони евра.

Сите инволвирани многу брзо ќе одговараат доколку направат кобна грешка да потпишат ваков скандалозен тендер кој најавува најголем грабеж во историјата на Република Македонија. Затоа памет во глава, и строго според Уставот и законите потпишување на секакви тендерски постапки.

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Новогодишна честитка од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски

31.12.2021

Државата добива нова влада со стари, истрошени транзициски и искорумпирани кадри, влада за спас на криминалот

20.08.2020

Д-р. Јовчески: Глумењето нормализација води кон зголемување на заразата

12.06.2020

Мицкоски: Подавам рака да помогнам на Владата, еве како до 1 милијарда и 200 милиони евра без кратење на плати и веднаш да се помогне на бизнисот

28.03.2020

Најнови видеа

18:37

Мицкоски: Во Кисела Вода се случува вистинска промена, имаме  километри на нов асфалт, канализација, водовод

Изјави 14.05.2022
5:33

Ѓорѓиевски: Сето она што 30 години ги мачеше нашите сограѓани, го решаваме за помалку од 6 месеци

Изјави 14.05.2022
3:05

Арсовски: Луѓе блиски до врвот на СДСМ и ДУИ го оштетиле буџетот на државата преку фиктивни фактури за поврат на ДДВ до 30 милиони евра, МВР и ЈО да не молчат и да ги обелоденат

Изјави 13.05.2022
1:57

Николоски: Местото на Македонија е во ЕУ, а не во втора лига, Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја однесе државата во ЕУ

Изјави 13.05.2022
12:21

Мицкоски од Радовиш: Не се сите исти, додека власта е обременета со криминал и крадење, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ градат и го реализираат ветеното

Изјави 12.05.2022
1:41

Ристов: Салата за венчавање е проект кој радовишани го чекаа со години, ние го реализиравме, продолжуваме да работиме со несмалено темпо

Изјави 12.05.2022
2:18

Стојаноски: Пратениците на СДСМ не ја заработуваат ниту платата, со три пати помалку активности од ВМРО-ДПМНЕ тие се само гласачка машина на Заев, Ахмети и Ковачевски

Изјави 12.05.2022
2:13

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?

Изјави 11.05.2022
2:50

Петкоска: Власта не го закочи само Собранието, туку ги закочи и Охрид и Струга и целокупниот туристички и економски развој на државата

Изјави 11.05.2022
1:55

Стоилковски: Дали Заев и луѓе од актуелното СДСМ имаат имот во Дубаи? Зошто финансиските институции молчат?

Изјави 10.05.2022
5:37

Димитриеска Кочоска: Промени и во Свети Николе се случуваат, се гради противпожарна станица, а се и асфалтира голем потег од Бел Камен до Рудина

Изјави 09.05.2022
2:53

Владев: Во Свети Николе паралелно се асфалтираат улици, се гради градинка, игралишта, водоводи, а ќе добиеме и модерна противпожарна станица

Изјави 09.05.2022
© Copyright 2022 Македонија24.мк | Сите права се задржани.