​
Brand
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Анѓушев и Заев ги завија во црно вработените на „Еурокомпозит“, помина повеќе од 1 ипол година, а проблемот не е решен

Изјави 26 ноември 2018 17:43

Анѓушев и Заев ги завија во црно вработените на „Еурокомпозит“ од Прилеп. Помина повеќе од 1 ипол година, а проблемот со „Еурокомпозит“ од Прилеп сеуште не е решен. Над 300 вработени живеат во агонија откако дојде СДСМ на власт, преживувајќи од ден за ден, не знаејќи што ги чека секој нареден ден. Пред повеќе од …

Анѓушев и Заев ги завија во црно вработените на „Еурокомпозит“ од Прилеп.

Помина повеќе од 1 ипол година, а проблемот со „Еурокомпозит“ од Прилеп сеуште не е решен.

Над 300 вработени живеат во агонија откако дојде СДСМ на власт, преживувајќи од ден за ден, не знаејќи што ги чека секој нареден ден.

Пред повеќе од 1 година, на 24 октомври лани, Заев се сретна со вработените на „Еурокомпозит“ и им вети исплата на заостанатите плати и трајно решавање на статусот на фирмата.

Решение нема до ден денес. Пред само 5 месеци на 3 јуни оваа година, Анѓушев повторно ги излажа вработените на „Еурокомпозит“, давајќи им лажна надеж дека има заинтересирани инвеститори. Ниту има инвеститори, ниту пак се реши случајот, проблемот на над 300 вработени во фабриката се уште е реален и горлив.

Денес за жал погоните не се во функција и се со исклучена струја, а вработените седат дома без работа.

СДСМ ги излажаа овие 300 семејства. Анѓушев и Заев додека се луксузираат во Владата набавувајќи нови автомобили, јадејќи бадеми и ф’стаци и добивајќи државни тендери, над 300 семејства од „Еурокомпозит“ немаат плати за да однесат основни намирници за храна дома.

Премногу е проста ситуацијата. За семејствата Заев и Анѓушев тендери и луксуз, а за семејствата на вработените во „Еурокомпозит“ глад, сиромаштија и клуч на фабриката.

Оваа криминална Влада е неспособна и мисли само за личните интереси. СДСМ нема капацитет да ги реши проблемите на граѓаните како што ветуваа, тие само им отворија нови проблеми. СДСМ си поигрува со болната и измачена судбина на напатените вработени во „Еурокомпозит“.

Всушност СДСМ има проблем за секое решение. Од државата направија хаос, економијата тоне, доживуваме пораз на сите полиња.

Затоа, сите заедно на 28 ноември во среда, сите заедно рамо до рамо во 17 часот се чекаме на Плоштад ВМРО и се упатуваме кон Владата да го искажеме револтот за целиот хаос што ни се случува во државата.

Оваа криминална Влада мора да замине во историјата. Што побрзо, толку подобро за граѓаните и конечно Република Македонија ќе тргне напред!

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Новогодишна честитка од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски

31.12.2021

Државата добива нова влада со стари, истрошени транзициски и искорумпирани кадри, влада за спас на криминалот

20.08.2020

Д-р. Јовчески: Глумењето нормализација води кон зголемување на заразата

12.06.2020

Мицкоски: Подавам рака да помогнам на Владата, еве како до 1 милијарда и 200 милиони евра без кратење на плати и веднаш да се помогне на бизнисот

28.03.2020

Најнови видеа

18:37

Мицкоски: Во Кисела Вода се случува вистинска промена, имаме  километри на нов асфалт, канализација, водовод

Изјави 14.05.2022
5:33

Ѓорѓиевски: Сето она што 30 години ги мачеше нашите сограѓани, го решаваме за помалку од 6 месеци

Изјави 14.05.2022
3:05

Арсовски: Луѓе блиски до врвот на СДСМ и ДУИ го оштетиле буџетот на државата преку фиктивни фактури за поврат на ДДВ до 30 милиони евра, МВР и ЈО да не молчат и да ги обелоденат

Изјави 13.05.2022
1:57

Николоски: Местото на Македонија е во ЕУ, а не во втора лига, Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја однесе државата во ЕУ

Изјави 13.05.2022
12:21

Мицкоски од Радовиш: Не се сите исти, додека власта е обременета со криминал и крадење, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ градат и го реализираат ветеното

Изјави 12.05.2022
1:41

Ристов: Салата за венчавање е проект кој радовишани го чекаа со години, ние го реализиравме, продолжуваме да работиме со несмалено темпо

Изјави 12.05.2022
2:18

Стојаноски: Пратениците на СДСМ не ја заработуваат ниту платата, со три пати помалку активности од ВМРО-ДПМНЕ тие се само гласачка машина на Заев, Ахмети и Ковачевски

Изјави 12.05.2022
2:13

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?

Изјави 11.05.2022
2:50

Петкоска: Власта не го закочи само Собранието, туку ги закочи и Охрид и Струга и целокупниот туристички и економски развој на државата

Изјави 11.05.2022
1:55

Стоилковски: Дали Заев и луѓе од актуелното СДСМ имаат имот во Дубаи? Зошто финансиските институции молчат?

Изјави 10.05.2022
5:37

Димитриеска Кочоска: Промени и во Свети Николе се случуваат, се гради противпожарна станица, а се и асфалтира голем потег од Бел Камен до Рудина

Изјави 09.05.2022
2:53

Владев: Во Свети Николе паралелно се асфалтираат улици, се гради градинка, игралишта, водоводи, а ќе добиеме и модерна противпожарна станица

Изјави 09.05.2022
© Copyright 2022 Македонија24.мк | Сите права се задржани.