АНКЕТА: Преполни кино сали, театри и музеи, средношколците задоволни од проектот „Средношколска среда“

Проектот “Средношколска Среда” наиде на голем одѕив кај средношколците. Театрите, музеите и кината се преполни а младите го поздравуваат овој проект. На прашањето, дали преферираат театар, кино или музеј, тие имаа поделени ставови, но она што е најзначајно е дека преку проектот се зголемува свеста за посета на културни установи.Со проектот “Средношколска Среда” се стреми да се подигне мобилноста кај средношколците, квалитетот на забава и посетеноста на културните институции како театри, музеи и кина.